ПРАВДАТА МОРА ИНСТИТУЦИОНАЛНО ДА СЕ СПРОВЕДЕ, ЗАЕВ: КОСОВО ДА НИ ГО ИСПОРАЧА ИСМАИЛОВИЌ, ОСОМНИЧЕН ВО СЛУЧАЈОТ МОНСТРУМ

0
1073

Премиерот Зоран Заев, во врска со одбивањето на Косово да го екстрадира Африм Исмаиловиќ, осомничен во случајот Монструм, истакна дека државата нема да се откаже од тоа и ќе бара да се спроведе меѓународното право и билатералните договори кои двете земји ги имаат постигнато. 

Се’ што стои во меѓународното право, ќе го преземемe и не се откажуваме. Ако бараат дополнителни документи, ќе им ги доставиме. Гарантираме правично судење, сепак се работи за наш граѓанин овде кој е на почеток на постапката и со негово присуство би се водела. Очекувам двете исклучително пријателски земји тоа да го потврдуваат на секое поле, дури и за вака сензитивни прашања. Ние сме секогаш на располагање. Верувам дека и Косово ќе биде на располагање и ќе го испочитува меѓународното право и билатералните договори кои што ги имаме постигнато” – рече премиерот Заев.