ИСТОРИЈАТА НЕ МОЖЕ НИКОЈ ДА ЈА ИЗБРИШЕ, ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ: ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е СИНОНИМ ЗА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВНОСТ

0
958

“Името и дејноста на Гоце Делчев се вплетени во македонската историја како синоним за една автентична и искрена борба и пожртвуваност, како синоним на македонската државност кој има најголема моќ во паметењето на Македонците” – напиша премиерот Зоран Заев на својата фејсбук страница.

“Денеска, на денот на загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, го чествуваме како инспиратор и апостол на македонската револуционерна организација која се бореше за остварување на историската идеја за правото на Македонците да го остварат вековниот сон за своја самостојна држава” – наведува Заев.

“Секоја година на датумите врзани за животот на Делчев, како и на денешниот ден кога се сеќаваме на неговата погибија пред 118 години, се поклонуваме пред и за Гоце Делчев, во име на реализацијата на неговиот завет до идните поколенија да го остварат неговото и делото на плејадата македонски револуционерни дејци за формирање македонска држава, која ќе биде рамноправна во културниот натпревар на народите.”