ДА ПРИДОНЕСУВАМЕ ЗА ЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА, ЗАЕВ: ДЕЛ ОД НОВИТЕ ВОЗИЛА НА ВЛАДАТА И НА СИТЕ ДРУГИ ИНСТИТУЦИИ ЌЕ БИДАТ ЕКОЛОШКИ

0
785

Владата дала насока до Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на јавниот оглас за набавка на службени возила да види дали може одреден процент, од 20%-50% да се вклучат еколошки возила.

“Постојано го намалуваме и ќе го намалуваме бројот и дадовме инструкција на објавениот тендер на СОЗР да се види дали може 20, 30, 50% да се вклучат во набавката електрични или еколошки возила, а инструкциите дадени до сите институции се да не набавуваат ако не мораат и да преминат на еколошките транспортни средства. Индивидуално може секој да користи велосипед, електричен тротинет, секако да го користиме јавниот превоз, а онаму каде мора како за инспекторатите, болнички возила да се набавуваат модерни еколошки возила вклучително и електрични каде ќе одиме со 0% царини, данок, па дури и хибридните за да можеме да одиме во духот на заштита на животната средина и секако Владата да биде пример” – изјави премиерот Заев.