ЗАЕВ: ЧЛЕНСТВОТО ВО НАТО НИ ЈА ПОДОБРУВА СОЦИЈАЛНАТА КОХЕЗИЈА И ДЕМОКРАТИЈАТА

0
701

“Ако со еден збор треба да го опишам денешниот настан со кој го славиме членството на Северна Македонија во НАТО – тогаш тој збор е успеавме. Успеавме затоа што членството во НАТО е најголемиот придонес за нашата безбедност и стабилност. Тоа е најсилната гаранција за заштита на територијалниот интегритет и на суверенитетот на Република Северна Македонија.” – ова го потенцираше премиерот Зоран Заев во обраќањето денеска на свеченото одбележување на една година од полноправното членството на Северна Македонија во НАТО, како 30-та земја сојузник.

Тој додаде дека пред една година остваривме една од најважните стратешки цели за државата зацртана во темелите на нашата независност и усвоена со едногласна одлука на Собранието уште во 1993 година.

“Денес членството во НАТО е израз на нашата натпартиска, широка, мнозинска, национална, мултиетничка и државничка одлука за тоа дека патот напред е патот на демократијата, сигурноста и безбедноста.”

“Членството во НАТО е дополнителен мотив за зајакнување на социјалната кохезија во Северна Македонија и служи за зајакнување на отпорноста на нашата демократија. НАТО е и нашата здружена светска сила во чии рамки се справуваме со опасниот глобален непријател, односно со дезинформациите и манипулациите. Кога е безбедноста и сигурноста во прашање, не сме повеќе тема на дневен ред, туку сега и ние учествуваме во креирањето на дневниот ред, дискутираме за сите прашања и заедно ги носиме одлуките со другите сојузници во НАТО.”