ЗАЕДНИЧКИ ДА ПРИДОНЕСЕМЕ ЗА БЕЗБЕДНА УЧЕБНА ГОДИНА, ЦАРОВСКА: АПЕЛИРАМ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ ВРАБОТЕНИТЕ ВКЛУЧЕНИ ВО ОБРАЗОВНИТЕ ПРОЦЕСИ

0
675

“Апелирам наставниците и сите придружни и помошни кадри да се пријават за вакцина за да се зголеми процентот на имунизирани што работат во училиштата” – изјави министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Вчера министерот за здравство, Венко Филипче најави дека ќе почне интензивна комуникација со министерствата за образование и наука и за труд и социјална политика и директорите на институциите, за да разговараат со своите вработени за вакцинација.

Министерката Царовска рече дека МОН не го води процесот на вакцинација, туку постапува по одлуките на Министерството за здравство.

Сценаријата за почетокот на учебната 2021/2022 година ќе се менуваат согласно епидемиолошката состојба во земјава. Првото и најдобро сценарио е сите ученици од 1-ви септември да се вратат во училиштата на настава со физичко присуство.

“Но, не може да се потпрете само на едно, затоа што не се извесни бројките кои може да се менуваат. Најпосакувано сценарио е на 1 септември сите да бидат во училиштата, но треба да сме одговорни и посветени и да ги почитуваме препораките и мерките. Да се зголемува процентот на вакцинирани за да можеме да одржиме поголем број денови поминати во училиште. Да не ни се случи менување на сценариото. МОН на 1-ви септември ќе биде подготвено за сите три сценарија” – рече таа.