ЗА ДА СЕ ИЗБЕГНЕ ПРЕКЛОПУВАЊЕ НА ПОПИСОТ СО КАМПАЊАТА ЗА ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ, ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ПРЕДЛАГА: ДАТУМОТ ЗА ИЗБОРИ ДА БИДЕ 31-ВИ ОКТОМВРИ

0
1178

Локалните избори можно е да се одржат на 31-ви октомври со цел да не се поклопат со пописот закажан за септември.

“Предлогот е на 31-ви октомври да се одржат локалните избори за да не се совпадне кампањата со пописот. Сите политички партии треба да се изјаснат и ако се согласат, тоа ќе биде вградено во Изборниот законик” – изјави премиерот Зоран Заев.

Деновиве се разговара и се подготвува законско решение кое предвидува и градоначалниците и советите да ги извршуваат функциите до изборот на новите.

Премиерот Заев информираше дека во однос на отворените листи, постигнат е договор со поголемите партии.

“Меѓу СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса/Алтернатива има договор. Сега уште со малите партии. Не е тоа официјализирано, зашто ќе биде официјално кога барателите, а тоа се малите политички партии, ќе бидат задоволни со ваквото унапредување на демократските модели. Предлогот е да има праг од 3%. Кога би биле 16 000 избирачи, 3% е околу 500. Тогаш таа преференца ќе го качува кандидатот погоре на листата. Малите партии имаат резерва, викаат: ќе видиме дали е тоа фер и правично за нас. Сепак се помали, нивните гласови се дисперзирани” – изјави премиерот Заев.