ВТОРА ТАРТАН ПАТЕКА, СО ОСВЕТЛУВАЊЕ И УРБАНА ОПРЕМА ВО ГРАДСКИОТ ПАРК, ШИЛЕГОВ: ВКУПНАТА ДОЛЖИНА Е 834М И Е ПОСТАВЕНА КРУЖНО ОКОЛУ ГОЛЕМОТО ЕЗЕРО

0
198
Gradski park

“СКОПЈЕ ЈА ДОБИ И ВТОРАТА ТАРТАН ПАТЕКА ВО ГРАДСКИОТ ПАРК

Новата патека е со вкупна должина од 834 метри и е поставена кружно по должината на големото езеро во вториот дел од Градскиот парк. Во еден мал дел двете тартан патеки се преклопуваат, но тоа што е поважно е дека кругот кој го формираат двете патеки заедно изнесува точно 1000 метри.
Граѓаните патеката ќе можат да ја користат и во текот на ноќта бидејќи се погриживме да ја осветлиме по целата должина со ново ЛЕД осветлување. Дополнително, околу патеката е поставена и соодветна урбана опрема и придружни содржини -инфо табли, чешми, клупи и корпи за џебен отпад.”
-ФБ СТАТУС НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГРАД СКОПЈЕ, ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ