ВРВНИОТ РАКОМЕТАР ЛАЗАРОВ Е ПРЕД ЗАВРШУВАЊЕ НА КАРИЕРАТА ВО НАНТ: ОДЛУЧИВ ДА ЈА ИГРАМ МОЈАТА ПОСЛЕДНА СЕЗОНА

0
1220

Капитенот на македонската ракометна репрезентација и врвниот играч на Нант, Кирил Лазаров, по завршувањето на следната сезона ќе оди во пензија.

“Ова ќе биде сигурно последната година. Веќе донесов одлука. Кога ќе преброите, поминаа неколку години. Но најважно е да се чувствувате добро, да бидете добри во вашето тело, да немате болка. Отсекогаш сум се трудел да бидам што попрофесионален. Секогаш се чувствувам во добра форма, го сакам спортот, го сакам ракометот и сакам да завршам без тешкотии” – рече Лазаров за клупскиот сајт на Нант.

Лазаров ќе ја заврши кариерата во Нант во јуни 2022 година, на 42 год.