ВО ШТИП СЕ ОДВИВА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАТНАТА ИНФРАСТРУКТУРА, БОЧВАРСКИ: ЗАБРЗАНА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА УЛИЦИ, БУЛЕВАРИ И ВОДОВОДНА МРЕЖА

0
105

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на ЈП „Македонија пат“, Беким Мемеди  и градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов денеска извршија увид во рехабилитацијата на улицата Партизанска од кружниот тек кај Дујле во правец кон населбата Сењак, кој што се рехабилитира преку програмите на ЈП “Македонија пат”. Присуствуваа и на почетокот на изградбата на нова водоводна мрежа за штипската населба Македонка.

Бочварски истакна дека рехабилитацијата на булеварот Партизанска е многу значаен проект кој што ја подобрува инфраструктурата во центарот на градот со целото хортикултурно уредување кое што го работи општина Штип. Инвестицијата на рехабилитацијата на оваа улица е пет милиони денари.

Веднаш после завршувањето на оваа улица, ќе продолжиме и со рехабилитација на булеварот “Гоце Делчев” исто така преку ЈП “Македонија пат”, а ќе работиме и на останати проекти во целиот регион. Во Министерството за транспорт и врски завршуваат постапките за реконструкцијата на ул. “Панче Караѓозов” каде што веќе општината работеше на замена на подземната инсталација и во текот на летниот период започнуваме со целосна реконструкција. Заедно во истиот тендер, во истата постапка е и крстосницата во населбата Сењак, тоа е главната централната крстосница на улиците “Сремски фронт” и  “Борис Крајгер” која што ќе добие целосна комплетна нова инфраструктура” – рече Бочварски.