ВО ПРЕСРЕТ НА ИЗБОРИТЕ ВО БУГАРИЈА, ШОУМЕНОТ ТРИФОНОВ СО БЛАГО ВОДСТВО ПРЕД ГЕРБ НА БОЈКО БОРИСОВ

0
739

Бугарија повторно ќе има неизвесни избори, според рејтингот за да формираат нова влада. Според резултатите во анкетата спроведена од Галуп за Бугарското национално радио, по објавувањето на санкциите од страна на САД за партијата на шоуменот Слави Трифонов, “Има таков народ” би гласале 21,2%, а за ГЕРБ на Бојко Борисов 21%. Трета е Бугарската социјалистичка партија (БСП) со 15,9%.

Зад нив се протестната партија Демократска Бугарија со 12,1% и партијата на Турците, ДПС со 11,9%. Шестата партија што ќе влезе во Собранието е уште една протестна формација, “Исправи се, Мафија надвор!” со поддршка од 5,8%.

Националистичката коалиција ВМРО-БНД, НФСБ и Волја останува под 4% и за нив во овој момент се определуваат 3,5%. Според сегашното расположение, трите протестни партии не ќе можат сами да направат Влада без поддршка на ГЕРБ, БСП или ДПС.