ВО КРУШЕВО ПРИВЕДЕНИ 4 ЛИЦА: БИЛЕ ЗАТЕКНАТИ СО ВОЗИЛО ВО ШУМСКИ ПРЕДЕЛ И ПОКРАЈ ЗАБРАНАТА

0
1248

На локацијата Орлов Камен на патот за с. Бирино, крушевско, полициски службеници од Крушево ги привеле М.К.(20), Ф.М.(24), Б.К.(26) и А.М.(19) од село Врбоец затоа што биле затекнати со патничко возило во шумски предел и не ја почитувале целосната забрана на движење во шумите.

Од МВР рекоа дека тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени записници за констатиран прекршок согласно одредбите од Законот за шумите.