ВО КОРОНА КРИЗА СЕ ПРАВЕА ИТНИ НАБАВКИ И СЕ РАСПРЕДЕЛУВАА ПО ПОТРЕБА И ВО ДРУГИ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ, ФИЛИПЧЕ: ТРАНСПАРЕНТНО СЕ ОБЈАВЕНИ СИТЕ ИТНИ ПОНУДИ ЗА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ДОСЕГА

0
686

“Ги прочитав вчера насловите во медиумите и тоа е процес кој што се одвиваше изминативе повеќе од три месеци. Пред месец, месец и пол имавме официјална презентација и тоа не се набавки во четири очи. Тоа се набавки во кои што нема оглас заради тоа што е кратко времето да се стигне до потребната опрема или материјали. И сите тие објавени неколку постапки се јавно објавени, и документите и на сајтовите на Министерството. Сме праќале понуди на повеќе од 100 компании кои што може да дадат таква понуда и се избирале тие коишто имале најниска цена. Не постои друг механизам нешто да се набави за ултракратко време, а да ве потсетам дека тогаш стануваше збор за заштитни маски, лична заштитна опрема за здравствените работници, кои што тогаш беа потребни и истиот ден, да не речам ултрабрзо и ултраитно и нема друга законска можност” – изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој потенцираше дека тие се законските можности согласно итноста, а итноста е утврдена врз основа на тоа што е потребно за да функционираат здравствените установи како што треба.

“Ние имавме среќа да ја почнеме кризата со една голема донација на маски одобрена од претходната година, па само дополнувавме. Сите здравствени установи го правеа тоа, не само Министерството, сите јавно здравствени установи, сите болници, поради тоа што тоа е единствениот механизам и не е тоа договор во четири очи. Тоа е понуда која што се праќа на десетици понудувачи коишто може да ја донесат таа опрема или материјал со цел да биде најбрзо достапна, а секако итноста ја утврдуваме и ние како Министерство и секоја јавно здравствена установа поединечно” – рече министерот Филипче.