ВО ХРВАТСКА ЌЕ ИМ СЕ ДАВА САМО ПО ЕДНА ДОЗА НА ВЕЌЕ ПРЕЛЕЖАНИТЕ ПАЦИЕНТИ ОД КОРОНА

0
190

Во Хрватска официјално е одлучено дека луѓето кои прележале ковид треба да примаат само една доза вакцина.

“Сега веќе има доволно податоци дека втората доза по закрепнување од болеста не придонесува за нивото на антитела” – рече директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак на прес-конференција.

Според него, втората доза вакцина треба да ја прими лице кое во меѓувреме се разболело и тоа три до шест месеци по закрепнувањето.

“Наша препорака е луѓето кои ја примиле првата доза на Астра Зенека, да примат и втора доза” – рече Цапак.