ВО ЧАИР ЌЕ СЕ ПРОЕКТИРА БУЛЕВАР СО 6 КОЛОВОЗНИ ЛЕНТИ, ШИЛЕГОВ: СО ОВОЈ КОРИДОР ЌЕ СЕ ОВОЗМОЖИ И ВТОРА ТРАСА ЗА БРТ

0
701

“Во текот на следната година ќе почне изградбата на булеварот “Цветан Димов” во Општина Чаир” – најави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Од денес започнува тендерот за негово проектирање. Ќе има 6 коловозни ленти, централно зеленило, како и пешачки и велосипедски патеки.

“Конечно еден од најгорливите проблеми во нашиот град ќе почнеме чекор по чекор да го надминуваме. Моите очекувања се за 2-3 години отсега ќе зборуваме за сосема поинакво Скопје, за сосема поинаков Чаир. Ова значи и изградба на втората траса на Бас Рапид Транзитот, имајќи предвид дека тука имаме коридор по кој ќе се движи БРТ до железничката во Бутел” – изјави Шилегов.

Шилегов најави дека ова проширување подразбира и експропријација на објекти и нивно отстранување бидејќи се наоѓаат на планираната траса. Изведбата на овој проект се проценува на 6,5 милиони евра.

“Свесен сум дека ќе уриваме неколку објекти, ќе го надоместиме тоа, но ќе биде трајно решение за овој дел од градот. Кога ќе ги ставите на кантар зијанот и бенефитот што го добиваат граѓаните, тогаш дефинитивно станува збор за еден поголем бенефит” – рече Шилегов.