ВО БУКУРЕШТ ИМ ПОКАЖАВМЕ НА СИТЕ ДЕКА СМЕ МАКЕДОНИЈА, КОЛЕ ЧАШУЛЕ: ИАКО СМЕ ОСПОРУВАНИ НАДВОР И ПРЕДАДЕНИ ДОМА, НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА НИ ЈА ОДЗЕМЕ НАЦИОНАЛНАТА ГОРДОСТ

0
480

Медискиот пропагандист Коле Чашуле повторно имаше плукачки монолог против СДСМ и западните земји.
Во врска со преговорите со ЕУ и Преспанскиот договор огорчено изјави: “Нѐ оспоруваат надвор и нѐ предаде дома политичката елита. Пеењето на химната беше слободно во Букурешт без народот да се плаши од моралната полиција на Заев.
Во Букурешт го слушнавме слободарскиот крик на народот.
Му покажавме на Заев и на странците дека географската одредница нема да заживее во Македонија и без оглед на американските санкции.
Најголема штета ни донесе токму Заев поради капитулантскиот Преспански договор. УЕФА нѐ поддржа за ознаките ФФМ и МКД а сега Заев ни боде со прст во очи поради придавката северна.”

Дополнително го напаѓаше и премиерот Заев затоа што неколку пати се обиде да ја омекне ситуацијата со бугарските официјални лица: “Македонскиот јазик не е ист со бугарскиот. Има посебна генеза и секое тврдење дека двата јазици се исти но посебно признати е рамно на велепредавство и откажување од македонскиот јазик.”