ВО БУГАРИЈА СЕ ОЧЕКУВА ГЛАСАЊЕ НА ВЛАДАТА ПРЕДЛОЖЕНА ОД МАНДАТАРОТ ПЛАМЕН НИКОЛОВ, ИВА МИТЕВА: ПАРЛАМЕНТОТ ТРЕБА ДА ПОДДРЖИ ИЗБОР НА НОВА ВЛАДА НА 11-ТИ АВГУСТ ИЛИ ДА СЕ ОДИ НА НОВИ ИЗБОРИ

0
1260

Претседателката на Народното собрание на Бугарија, Ива Митева изјави дека очекува за новата Влада предводена од партијата “Има таков народ” да се гласа на редовната седница на Парламентот на 11-ти август. До гласањето во Народното собрание постои можност за измени во составот на предложената влада од страна на мандатарот Пламен Николов.

“Улогата на Парламентот мора да се врати и тој мора да биде многу посилен и покрај расцепканото мнозинство” – изјави Митева.

Доколку новиот владин кабинет не биде изгласан од пратениците, тогаш ќе треба да се закажат нови предвремени парламентарни избори.