ВМРОВСКИОТ АНТИЧКИ МАНИФЕСТ БАРА КАЛИМЕРО ПРАВДА ВО ВИСОКАТА ПОЛИТИКА, КЛЕТНИКОВ: ФАШИСТИ ОД БРИСЕЛ И ВАШИНГТОН ГО ПОСТАВИЈА СДСМ НА ВЛАСТ, А НАРОДОТ ГЛАСА САМО ЗА ВМРО-ДПМНЕ

0
1351

Во емисијата “Што не е јасно?” повторно видовме изблик на ретрограден национализам, шовинизам, ксенофобија и режимски вредности на екс режимот. Гостин беше членот на неформалното вмровско античко движење т.н. Македонски манифест, Ефтим Клетников.

Тој не штедеше преостри зборови за да шири отворено јазик на омраза тврдејќи дека САД и ЕУ ни направиле колеж и геноцид со Преспанскиот договор. На таков начин идентитетски ја осакатиле нашата Македонија и Македонците биле на пат на исчезнување од светската мапа на народите. Според него, Грција добила неспорен ексклузивитет на името Македонија и за сето тоа е виновна меѓународната заедница.

Исто така тој рече дека се срами од тоа што живее со оваа генерација на Македонци и интелектуалци затоа што наводно биле покорни и без никаква храброст бидејќи тој очекувал да не се прифати катастрофално и погубно решение за Македонија. Искажа надеж дека во следните 100-200 години ќе биде можно да сме си го врателе сето тоа што сме го изгубиле со овој Преспански договор.

Сосема подло искажа теза дека бирократски фашисти од САД и ЕУ ни го наметнале СДСМ да биде власт во Македонија иако народот во најголем дел гласал за ВМРО-ДПМНЕ за да ги брани името, идентитетот, јазикот и историјата.

Ако за ВМРО-ДПМНЕ гласа околу 20% од гласачкото тело, тогаш треба да се земе предвид дека 80% се против таков радикализам, шовинизам и забеганост. Не се народ мнозинството гласачи кои што гласаат за други политички опции?

Влада составува таа партија или коалиција која што ќе оформи парламентарно мнозинство. Со отворено залагање за истите режимски политики, ВМРО-ДПМНЕ е политички изолирана партија и е заглавена во ќорсокак. Џабе се надева Клетников, џабе навива за антиевропска и антидемократска опција. Клетников не предлага кое би било потенцијално решение во реалната геополитичка ситуација ако се отфрлеше Преспанскиот договор. До кога ќе ја манипулирате јавноста со барање Калимеро правда како начин за водење висока политика?