9 C
Prilep
Thursday, April 25, 2024
Home Македонија ВМРОВСКИ СПЛЕТКИ НА ТУЃИ СТРАДАЊА: ТРАЈКО СЛАВЕСКИ НАМЕРНО НЕ ЗАКАЖУВА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА...

ВМРОВСКИ СПЛЕТКИ НА ТУЃИ СТРАДАЊА: ТРАЈКО СЛАВЕСКИ НАМЕРНО НЕ ЗАКАЖУВА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВАТА НА ЖРТВИТЕ ОД СООБРАЌАЈНАТА ТРАГЕДИЈА ПО БАРАЊЕТО ОД СДСМ

0
1310
 
“Советничката група на СДСМ, на коалицијата и ДУИ во Град Скопје вчера поднесе иницијатива за свикување на вонредна седница на Советот на која треба да се усвои предлогот за финансиска помош за семејствата на настраданите во несреќата што се случи во Бугарија. До овој момент, претседателот на Советот, Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште не се изјаснил по однос на иницијативата и не закажал седница што е незабележано во праксата.
Претседателот на Советот мора да закаже вонредна седница на која прво ќе се гласа за оправданоста на итноста, а откако ќе се утврди оправданоста, Советот ќе гласа по однос на точките од дневниот ред. Барањето за вонредна седница на Советот е од единствена причина што побрзо да им се помогне на семејствата на жртвите и да не се чека редовната седница на Советот, затоа што нема потреба за такво нешто.
Но очигледно дека Славески не наоѓа разбирање за ситуацијата или пак свесно калкулира, па денеска цел ден молчи и не закажува вонредна Седница на Советот на Град Скопје” – се вели во реакцијата на СДСМ.