“Дебатите меѓу партнерите од владејачката коалиција за поддршка на локалните избори во Тетово е политички маркетинг” – рече шефот на пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Скендер Реџепи. Иако сите партии од власта на крај ќе се обединат, смета дека тоа нема да биде доволно за да ги спречат промените што ќе дојдат по изборите.
“Алијанса и Алтернатива се во коалиција и ние разговараме околу кандидатите за градоначалници и листите на советници. Верувам дека многу бргу ќе се усогласиме. Што се однесува до мнозинството, тие прават политички маркетинг и на крајот сите ќе се обединат, ДУИ, БЕСА, СДСМ и ДПА за да победат, но нема да успеат. Опозицијата е убедена дека на овие локални избори ќе биде гласот на народот и силно веруваме дека тоа ќе биде гласот на промените” – рече пратеникот Реџепи.