ВЛАДАТА РЕАГИРАШЕ НА ИЗЈАВАТА НА ПОРТУГАЛСКАТА МИНИСТЕРКА ЗА ЕВРОПА: МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е МЕЃУНАРОДНО ПОТВРДЕН ВО ООН И ВО ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР

0
920

“Изјавата на државната секретарка за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријас во однос на македонскиот јазик, по суштина и по методологија е целосно спротивна на португалскиот предлог за изнаоѓање решение” – реагираше Владата.

“Контекстот и моментот се крајно сензитивни и затоа ги повикуваме претставниците на земјите кои се вклучени во процесот и кои не ги познаваат целосно и добро приликите во Северна Македонија и Бугарија, да се воздржат од какви било квалификации или објаснувања на процеси поврзани со нашите национални прашања” – се вели во реакцијата.

Македонскиот јазик е еден од клучните идентитетски белези на македонскиот народ, меѓународно признаен и кодификуван јазик, потврден со Договорот од Преспа и запишан во личната карта на Северна Македонија во Обединетите Нации.

“Македонскиот јазик е израз на неприкосновеното право на македонскиот народ на самоопределување и дигнитет” – се вели во ставот на Владата.