ВЛАДАТА НА СДСМ ГИ ЗАОКРУЖИ ПРАВНИТЕ ОБВРСКИ ОД ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР, ЗАЕВ: ОРД ЈА ПОДОБРИ МЕЃУЕТНИЧКАТА ТОЛЕРАНЦИЈА И СОЦИЈАЛНАТА КОХЕЗИЈА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

0
663

“Охридскиот рамковен договор, кој во својата суштина ги има дијалогот, разбирањето и создавањето на пријателска атмосфера како темелни вредности за решавање конфликти и недоразбирања беше насока и за Договорот од Преспа со Грција и Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија” – рече премиерот Зоран Заев на тематската седница на Владата посветена на 20-годишнината од Охридскиот договор.

“Еден од приоритетите на новата влада формирана во 2017 година беше заокружувањето на нормативниот дел кој што произлегуваше од Охридскиот договор  и од Амандманот 5 од Уставот. Тогашната Влада во која министри беа и поголем дел од овој актуелен состав на извршната власт, ја исполни обврската која непотребно се одолговлекуваше од сите претходни влади и го донесе Законот за употребата на јазиците” – изјави премиерот Заев.

“Со Охридскиот рамковен договор нашата држава е постабилна и побезбедна, со загарантирана меѓуетничка толеранција и посилна социјална кохезија. Заедно се развиваме како држава во која шансите за благосостојба се еднакви за сите, како членка на НАТО и идна членка на ЕУ” – рече Заев.