ВЛАДАТА ЌЕ ОВОЗМОЖИ ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ЗАКОНОТ ЗА УЧЕБНИЦИ И ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА ОБРАЗОВАНИЕТО ПРЕД ДА ГО ПОДНЕСЕ ПОВТОРНО ВО СОБРАНИЕ

0
672
Владата реши да го повлече предлог законот за учебници и дигитално образование од собраниска процедура, да овозможи нова јавна расправа и да се утврди конечен текст во рамки на предвидената концепција за развој на образованието.
“Предлог-законот ќе биде повторно достапен за јавна дискусија и за вклучување на оние поединци, групи и здруженија на граѓани кои не успеаја досега да се произнесат и да дадат свој предлог или сугестија за усвојување на најдобрата верзија во интерес на поквалитетен воспитно-образовен процес, по што конечниот текст на законот по јавната дебата, ќе биде доставен во Собрание” – велат од Министерството за образование и наука.
МОН информираше дека не отстапува од спроведување на планот за реформа на основното образование од новата учебна година: воведување нови наставни програми во прво и четврто одделение според новата концепција и дигитални учебници од четврто одделение.