ВЛАДАТА ЈА ЗАСИЛУВА БОРБАТА ПРОТИВ КОРОНАТА: ЗА 2022 ГОДИНА ЌЕ СЕ НАБАВАТ 500 ИЛЈАДИ ДОЗИ ФАЈЗЕР

0
833

Владата на денешната седница ја усвои информацијата за набавка на 500 илјади вакцини Фајзер против Ковид-19 за 2022 година. Во нив се вклучени и 10 илјади педијатриски дози.

“Согласно информацијата, дозите за возрасните да почнат да се испорачуваат од месец мај, а педијатриските дози во првото тромесечие на 2022 година, а вкупната количина треба да се испорача до декември 2022 година” – соопшти Владата.