ВЛАДАТА ГО РАЗРЕШИ ДИРЕКТОРОТ НА ДРЖАВНИОТ ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ, ПАУНОВСКИ

0
249
“Владата денес го разреши директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски поради негово непрофесионално однесување” – соопшти Владата на нејзината официјална Фејсбук страница.
“Согласно член 10, став 1 од Законот за Државен пазарен инспекторат (ДПИ) според кој Владата го именува и разрешува директорот на ДПИ, на денешната седница Владата го разреши Стојко Пауновски од функцијата директор на ДПИ, поради неговото непрофесионално однесување. Оваа консензуално донесена одлука е донесена според Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на владата и според законот за Државен пазарен инспекторат” – соопшти Владата.

Разрешувањето на Пауновски доаѓа откако тој се спротивстави да прифати 32 рамковни вработени што на ДПИ беа доделени од страна на Владата.