ВЛАДАТА СО ДЕМАНТ ДО БУГАРИЈА: АНАЛИЗИТЕ ОД ИНСТИТУТОТ ИФИМЕС НЕ СЕ НАРАЧАНИ ОД СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

0
908

Македонската Влада ѝ одговори на официјална Софија оценувајќи ја како несоодветна постапката да биде повикан на разговор вршителот на должноста амбасадор на нашата земја во Софија, Владимир Крстевски во бугарското Министерство за надворешни работи за ставови изразени oд трета страна, во анализа која никако не е поврзана со Владата, изготвена од Институтот за балкански и блискоисточни студии (ИФИМЕС) од Љубљана.

Владата потврдува дека ИФИМЕС бил ангажиран како реномиран институт за советодавни услуги врз основа на анализите за политиките за превентивната дипломатија и градење мерки на довербана регионално и глобално ниво, но дека договорот со него завршил во 2019 година. Веќе две години овој институт нема никаков ангажман поврзан со работата на Владата, ниту било каков правно обврзувачки обврски со Владата и со Канцеларијата на претседателот на Владата. ИФИМЕС и пред 2019 година никогаш не бил ангажиран за анализи поврзани со односите меѓу Северна Македонија и Бугарија.