ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ НАЈАВИ ЗА ВТОРНИК НОВИ 10-ТИНА МЕРКИ НА СЕДНИЦА НА ВЛАДА ЗА ПОМОШ НА ГРАЃАНИТЕ ПОРАДИ КОРОНА КРИЗАТА

0
757

Во вестите на тв Сител гостуваше вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николоски. Ја информираше јавноста дека Владата напредува во процесот на дигитализација на услугите за граѓаните, со цел за побрзо добивање на разни лични документи, избегнување на шалтерите и сузбивање на ниската корупција на локално ниво.
Повторно го спомна и Регистарот на население што е во фаза на изработка и полнење на базата на податоци на централно ниво, преку кој што државните институции ќе можат да повлекуваат потребни податоци за странките, но и приватни институции како што се банките и економските оператори.
Поради зголемениот обем на работа, вицепремиерот Николовски најави вработување на 10 луѓе за поголема и подобра контрола на потенцијалните злоупотреби во областа на корупцијата и судирот на интереси на функционери и други избрани и именувани лица од Владата. Исто така најави дека анкетни листови за имотна систојба ќе доставуваат и директори на локални институции, државни претпријатија, инспекторати и сл. Вицепремиерот нагласи дека веќе се ограничени угостителските трошоци за министрите, замениците министри и државните секретари на месечно ниво. Ќе се изработи и регистар на службени возила и дека строго ќе се контролира нивното користење и поминатата километража.
Особено важно е дека после скандалозното однесување на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, конечно е усвоен петтиот пакет мерки а Николовски најави за вторник нови 10-тина мерки на седница на Влада со цел да им се помогне на граѓаните и стопанството во претстојниот период.
Тој оцени дека ВМРО-ДПМНЕ нема што да понуди пред граѓаните и вака деструктивно се однесува со цел да предизвика конфликти и да ни го губи времето на сите нас. Затоа нивните политики се препознаени како штетни за државата во екот на корона кризата и повторно ќе бидат поразени на избори.