ВЕТОТО И ИНАЕТЕЊЕТО НА БУГАРИЈА ПРОТИВ СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВЕЌЕ СТАНА ПРЕСКАПО: ЕУ СТОПИРАШЕ 6,5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА ЕКОНОМСКО ЗАКРЕПНУВАЊЕ НА БУГАРИЈА

0
3714

Откако бугарскиот технички премиер Стефан Јанев реши дека по трет пат ќе ја блокира Северна Македонија на Самитот на ЕУ,  Европската комисија им го врати бугарскиот план за закрепнување со кој што Софија требаше да добие 6,5 милијарди евра.

Ова недвосмислено е финансиски инструмент за притисок против Бугарија и со право се отворија бројни дебати за тоа дали Брисел со ваков потег ѝ јасен одговор за непопустливоста и неевропското однесување кон Северна Македонија.

Можноста за дополнителни притисоци врз Софија ја најави поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов. Тој рече дека Европската Унија има начини како да ја понижи Бугарија поради неразумната блокада на соседот.

“Тие (Радев и Јанев) направија Бугарија да изгледа одвратно однадвор. И сакам да им кажам дека поради Северна Македонија, затоа што не го следат она што сега го зборува Макрон, а не го следеа она што го кажа и холандскиот премиер Руте пред некој ден во Скопје, ќе нѐ принудат со нивните финансиски инструменти, бидејќи цела ЕУ е против нас, тие ќе нѐ понижат и ние ќе прифатиме на крајот поради Румен Радев и неговата ликвидирана надворешна политика и изолација” – рече тогаш Бојко Борисов.

Во Бугарија ќе се формирање нова Влада предводена од “Продолжуваме со промените”.  Мандатот во сабота ќе му биде предаден на Кирил Петков.

Според најавите, треба да има само една промена, а тоа е на местото на Димитар Гардев од “Има таков народ”, ќе биде номинирана Теодора Генчовска.