ВАКЦИНАЦИЈАТА ЌЕ НАПРЕДУВА СО УШТЕ ПОБРЗО ТЕМПО, ФИЛИПЧЕ: ПРИСТИГНА СОЛИДАРНА ПРАТКА ОД НОВИ 100 ИЛЈАДИ ВАКЦИНИ ОД КИНА

0
807

Солидарноста и помошта тогаш кога е најпотребна, а сега се покажа колку е важна во една ваква голема криза, ја враќаат вербата во човештвото. На кутиите од донацијата пишуваше “Пријателот во неволја е поблизок од брат” и овој акт го потвдува токму тоа. Пристигна значајна количина на вакцини која НР Кина ја донира на нашата земја.

100 000 е бројка која за земја со број на население како нашето може значајно да ја смени сликата на пандемијата. Вакцината е единственото оружје кое го имаме за целосно да се смени сликата за пандемијата не само кај нас туку насекаде во светот. Изразувам голема благодарност, со ова се потврдува партнерството и близината помеѓу двете земји, двата народи и искрено верувам дека соработката ќе продолжи и во иднина.

-ФБ СТАТУС НА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, ВЕНКО ФИЛИПЧЕ