ВАКА СЕ СТАВА СИТУАЦИЈАТА СО КОРОНАТА ПОД КОНТРОЛА: ДАНСКА ИМА РЕКОРДНИ 80% ВАКЦИНИРАНИ ЛИЦА НАД 12 ГОДИНИ И ОД 10-ТИ СЕПТЕМВРИ ЌЕ ГИ УКИНЕ СИТЕ РЕСТРИКЦИИ

0
1434

“Данска од 10 септември ќе ги укине сите ограничувања воведени поради спречување на пандемијата на коронавирусот. Епидемијата е под контрола, имаме рекордно високо ниво на вакцинација” – изјави данскиот министер за здравство Магнус Хеунике.

Над 80% Данци постари од 12 години се целосно вакцинирани. Затоа данската влада повеќе нема да го класифицира ковид-19 како болест критична за општеството.

“Владата вети дека нема да ги поддржи овие мерки подолго отколку што е потребно и ние сме сега во таа ситуација. Но иако моментално изгледа се’ добро, ние се’ уште не сме излезени од епидемијата” – истакна министерот Хеунике.