УТВРДЕНИ СЕ ПРИОРИТЕТИТЕ НА НОВАТА БУГАРСКА ВЛАДА: КОНТРОЛА НА ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА, БОРБА ПРОТИВ КОРОНА КРИЗАТА, КОРУПЦИЈАТА И УСТАВНИ РЕФОРМИ ЗА ПРАВОСУДНИОТ СИСТЕМ

0
1054
По добивањето на мандатот за формирање на нова бугарска Влада, копретседателот на “Промените продолжуваат” и мандатар, Кирил Петков изјави дека прв чекор ќе им биде контрола на цената на струјата.

Потоа ќе се контролира кризата со Ковид-19 во Бугарија за варијантата омикрон да не ја затвори економијата.

Исто така Петков најави реформи во правосудниот систем во Бугарија. Мотото на Владата е нулта толеранција за корупцијата.

Мандатарот Петков додаде дека не е задоволен од работата на Главниот државен обвинител на Бугарија, Иван Гешев.