УТРЕ ПОЧНУВА МАСОВНОТО ВАКЦИНИРАЊЕ ВО САЛАТА “БОРИС ТРАЈКОВСКИ”

0
180

Масовното вакцинирање на населението против Ковид-19 во земјава официјално ќе започне утре, понеделник со Спутник В. Вакцинирањето ќе се одвива на пунктови во А1 Арената (сала „Борис Трајковски“), а закажани се термини за 3000 граѓани.

Во оваа фаза ќе бидат имунизирани граѓани од критична инфраструктура – луѓе што работат во МВР, АРМ, новинари, служби од Град Скопје и сите што имаат контакти, возачи на автобуси, пожарникари, воспитувачки во градинките, вработените на патарините. Според планот, вакцинацијата со 20 000 руски вакцини „Спутник“ што ги донираше Србија, ќе се одвива на 48 пункта.