УТРЕ ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА ОДЛОЖЕНА ОТПЛАТА НА КРЕДИТИТЕ ПОРАДИ ПАНДЕМИЈАТА

0
165

Утре истекува рокот за одложено плаќање на ратите на кредитите на физичките лица кои ги дадоа банките на одредени категории граѓаните погодени од ковид кризата.

Она што деновиве е испратено до клиентите од одредени банки е дека се воведува нов начин на утврдување на нефункционалните кредитни изложености на клиентите. Новиот начин на утврдување на нефункционалната изложеност е согласно регулативата од Европската централна банка и важи од 31.12.2020 година.