УТРЕ ДИМИТРОВ ОДИ ВО ПОСЕТА НА БЕРЛИН И ЉУБЉАНА

0
1045

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров од утре ќе престојува во посета на Берлин и Љубљана, претходното и идното претседателство со Европската Унија. Димитров, на покана на државниот министер за Европа на Сојузна Република Германија, Михаел Рот, утре ќе оствари работна посета на Берлин.

Покрај Рот, како што соопшти СЕП, во рамки на посетата предвидени се средби и со Јан Хекер, главен советник за надворешна и безбедносна политика на канцеларката Ангела Меркел; Нилс Шмид, портпарол за надворешни работи на парламентарната група на Социјалдемократската партија во Бундестагот; Сабине Штер, ополномоштеник за ЕУ политики во германското МНР; Сузане Шуц, директорка во Министерството за надворешни работи на Германија, за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА, како и со други релевантни соговорници во контекст на германската поддршка за европското досие на Северна Македонија.

Од Берлин, вицепремиерот Димитров заминува за Љубљана. Словенечкото претседателство со ЕУ започнува на 1 јули годинава.