УСТАВНИОТ СУД ДОНЕСЕ ПРЕСУДА ВО КОРИСТ НА ОШТЕТЕНИТЕ ШТЕДАЧИ И ФИРМИ ОД ЕУРОСТАНДАРД БАНКА: УКИНАТ Е ЧЛЕНОТ 163 ОД ЗАКОНОТ ЗА БАНКИ

0
977

Уставниот суд го укина членот 163 од Законот за банки кој го оспори адвокат по барање на здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка. Одлуката е објавена на веб-страницата на Уставниот суд, еден месец откако Судот одлучи да поведе иницијатива за оценување на уставноста. Со оваа одлука ќе треба да престане примената на овој член од Законот, односно побарувањата на Фондот за осигурување на депозити по основ на исплати на осигурени депозити нема да се исплаќаат пред побарувањата на другите доверители.

Според подносителите на иницијативата, сите штедачи треба да бидат третирани еднакво: и тие со штеден влог до 30 000 евра и тие што имале над 30 000 евра, но и фирмите кои што досега не се заштитени со минимална сума при пропаѓање на банките.