УЈП КОНСТАТИРА ДЕКА 10,7% ОД РАБОТОДАВАЧИТЕ НЕ ИСПЛАТИЛЕ ФЕВРУАРСКИ ПЛАТИ ПОРАДИ КОЧЕЊЕТО НА ПЕТТИОТ ПАКЕТ МЕРКИ

0
826

“Дури 10,7% од работодавачите не исплатиле плата за февруари” – изјави денес на прес конференција директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.

“Во однос на неисплатени плати во февруари, од 63.948 прифатени МПИ пресметки, 6.888 работодавачи немаат исплатено плата. Односно тоа е 10,7 проценти” – рече Лукаревска, одговарајќи на новинарско прашање.

Овој показател во голема мера се должи и на доцнењето на петтиот сет мерки кој е заглавен во собраниска процедура. Лукаревска апелираше Собранието што побрзо да го усвои петтиот пакет мерки за помош на економијата.

“Ова е уште еден апел што побрзо Собранието да ги донесе економските мерки со кои ќе им се помогне на компаниите и на самостојните вршители на дејност, како и на работниците да земат плати” – рече таа.

Лукаревска нагласи дека УЈП е подготвена за петтиот пакет економски мерки, особено во делот на процедурата за аплицирање на финансиската поддршка за исплата на плати.