УЈП ЈА ПОТСЕТУВА ЈАВНОСТА: НА 31 МАЈ ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРЕКЦИЈА И ПОТВРДА НА ГОДИШНИТЕ ДАНОЧНИ ПРИЈАВИ

0
790

Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека на 31 мај 2021 година истекува законскиот рок за потврда или корекција на Годишните даночни  пријави (ГДП) за доходот што го оствариле во текот на 2020 година. 

Заклучно со овој рок, даночните обврзници кои се регистрирани на системот е-Персонален данок преку своите кориснички профили имаат можност да го менуваат статусот на пријавата, односно да ја потврдат или да ја коригираат 

“По истекот на законскиот рок, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на ГДП – потврдена или коригирана. На 1 јуни 2021 година службено ќе бидат потврдени и Годишните даночни пријави коишто од страна на граѓаните не биле ниту потврдени ниту коригирани” – се вели во соопштението.