УЧЕНИЦИТЕ ОД ТЕТОВО И ГОСТИВАР ДА СЛЕДАТ ОНЛАЈН НАСТАВА ВО ПРВИТЕ ДВЕ НЕДЕЛИ ВО СЕПТЕМВРИ, ФИЛИПЧЕ: ОРГАНИЗИРАНИОТ ПРЕВОЗ НА УЧЕНИЦИТЕ ГО ПРОЦЕНУВАМЕ КАКО МНОГУ РИЗИЧЕН ВО ПОЛОШКИОТ РЕГИОН ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА

0
620

Министерството за здравство по препорака на Комисијата за заразни болести на ГККШ и Владата, ќе предложи средношколците од Тетово и Гостивар и од тој регион, првите две недели од почетокот на школската година наставата да ја следат онлајн. Оваа препорака е поради актуелната епидемиолошка состојба во овој крај и исклучително сериозната ситуација во болниците во Полошкиот регион.

По анализите кои ги направивме денеска на Комисијата за заразни болести, констатиравме дека средношколците доаѓаат од повеќе места со организиран превоз, а тоа може да предизвика дополнително влошување на состојбата. Комисијата ќе ја следи епидемиолошката состојба и понатаму и доколку има дополнителен ризик фактор ќе се донесат нови одлуки, или ќе се предложи олабавување на рестрикциите доколу состојбата се подобри. Ова денеска им го образложив и на локалните власти во Општината на средбата што ја имав со градоначалничката на Тетово Теута Арифи.

-ФБ СТАТУС НА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ВЕНКО ФИЛИПЧЕ