ТУРСКАТА КОМПАНИЈА ТЕКНОПАНЕЛ ЌЕ ВЛОЖИ 16 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ТИРЗ 1, ЗАЕВ: ЌЕ СЕ ВРАБОТУВААТ 120 ЛУЃЕ СО ПЛАТИ НАД 33 500 ДЕНАРИ

0
1141

“Со новата инвестиција на “Текнопанел” се отвораат 120 нови работни места со просечна плата над 33 500 денари.

Оваа компанија ќе инвестира 16 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет во ТИРЗ 1 Скопје. Производството се очекува да започне во 2022 година.

Турската компанија “Текнопанел” ќе склучи договор со Владата со елементи од новиот концепт на работење на Дирекцијата за ТИРЗ.

Задоволство е кога компании како “Текнопанел” одлучуваат да инвестираат во Северна Македонија, како прва инвестициска дестинација надвор од матичниот пазар. Дополнително, што европскиот пазар ќе се снабдува со производството од нашата земја.

Компанијата е еден од најголемите извозници во Турција и на листата Топ 500 водечки индустриски компании во земјата, со 5 фабрики во Турција, над 450 вработени и извезува во 89 земји во Азија, Европа и Америка.”

-ФБ СТАТУС НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ