Turing Phone: Телефон од течен метал!

0
1283

Најавен во април, овој телефон ви нуди повеќе уникатни опции кои нема да ги најдете на други модели. Доколку се грижите за вашата приватност, тогаш ова е моделот за вас…

turingphone5-1

Создаден од Turing Robotic Industries, телефонот е создаден во чест на Alan Turing, кој многумина го сметаат за таткото на модерните компјутери. Телефонот поседува куќиште изработено од течен метал, како и IPx8 сертификат со отпорност на вода до 10 метри, отпорност на прашина и шокови.

turing-phone

Внатрешноста на телефонот не е импресивна – quad-core Snapdragon 801 процесор, 2GB RAM и простор за складирање на податоци до 16 гигабајти. Екранот е со големина од 5,5 инчи и поседува FullHD резолуција од 1920 x 1080 пиксели.

Телефонот ви нуди 13 мегапикселна задна камера, 8 мегапикселна предна камера и работи на Android 5.0 Lollipop. Официјалната продажба започнува на 22-ри јули.