Турција се бори со шумски пожари веќе трет ден. Десет пожари се’ уште се активни, три од нив се во регионот на туристичкиот центар Анталија. Од 98 пожари што избувнаа во средата во различни региони, 88 се ставени под контрола.
Гаснењето на пожарите на брегот на Средоземно Море е отежнато од силните ветрови. Голем број региони и хотели се евакуирани. Во пожарите загинаа 4 лица.
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган ги прогласи за зони на катастрофа зафатените подрачјата со шумски пожари.