ТРИ МЕСЕЦИ УСЛОВНА КАЗНА ЗАТВОР ПОРАДИ ЗАКАНУВАЧКИ КОМЕНТАР НА ФЕЈСБУК СТРАНАТА ОД ЗНМ: ОСУДЕНИОТ ПОВИКУВАЛ НА ЛИНЧ ВРЗ НОВИНАРИ ЗАТОА ШТО ИЗВЕСТУВАЛЕ ЗА КОРОНА КРИЗАТА

0
1026

Денес беше донесена судска пресуда во корист на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) за случајот каде што од профил на социјалната мрежа Фејсбук е напишан заканувачки коментар под објава на фејсбук страната на ЗНМ.

Според пресудата од Основниот кривичен суд, лицето С. Митев е виновен по член 394-г од Кривичниот законик и му се утврдува казна затвор од 3 месеци, која нема да се изврши ако не го повтори делото во рок од 1 година по правосилноста.

Тој на Фејсбук страната на ЗНМ на 28-ми јули годинава, напишал вулгарен коментар со омраза повик за линч со следната содржина: “Племе да ви е**м новинарско, п**ки, лажговци, задолжителен затвор за секој новинар кој шири паника овие година и пол, сечење јазик на секој новинар.”