ТРИ ГОДИНИ ОД ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР, БУЈАР ОСМАНИ: ОВОЈ ДОГОВОР Е ТЕМЕЛ НА СТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО СО ГРЦИЈА

0
1404
“После три години од потпишувањето, Договорот од Преспа не само што го минува тестот на времето, туку и ги надминува границите на неговата примарна улога за Стратешко партнерство меѓу Северна Македонија и Грција” – напиша министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Османи го оцени договорот од Преспа како регионален симбол за умешноста на дипломатијата во надминување на меѓусебните спорови и модел на кој и во иднина ќе се градат односите меѓу соседите на Балканот.