ТРАГИКОМЕДИЈА СО БИШЕВАЦ: ГЛАСАВ ЗА ЗАЕВ, АМА СЕГА НЕ ГО ПОДДРЖУВАМ БИДЕЈЌИ НЕГОВИТЕ КАДРИ ПОТФРЛИЈА НА СЕКОЈ ЧЕКОР

0
1397

Поранешниот новинар во А1 тв, Сафет Бишевац на дебатата во емисијата “Само вистина” ја искажа својата резигнираност поради тоа што СДСМ наводно ја носела државата во лош правец поради ненавремената набавка на вакцините како и за погрешните политички чекори во пристапот кон опозицијата.

Наведе дека многу се сомнева во намерите на премиерот Заев за да се надмине спорот со Бугарија и дека целата стратегија по ова прашање била уште во старт промашена.

За пописот, се залага за одложување на одредено време бидејќи првиот приоритет треба да биде справувањето со пандемијата до летово.

Очигледно не го преболел фактот што СДСМ го одби за тоа што бараше директорско место за себе. Затоа и понатаму медиумски одработува за ВМРО-ДПМНЕ откако не му успеа да стане нивен пратеник во Собранието.