ТОРТЕВСКИ СЕ ОБИДУВА ПОЛИТИЧКИ ДА ЌАРИ: ЗАЕВ ДА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ЗА ДОЦНЕЊЕТО НА ВАКЦИНИТЕ

0
840

Адвокатот и претставник на Твоја партија, Тортевски во гостувањето во емисијата “Заспиј ако можеш” на тв Алфа, остро ја обвинуваше власта на СДСМ за нејзините кадри, политички потези и менаџирањето на корона кризата.
Во врска со наводните скандали од фабриката за лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ против генералниот секретар на Владата, Рашковски, изјави дека треба истрагата да покаже за што точно бил виновен во врска со разни тендери под капа на Владата. Како индиција за нешто матно, наведе дека како инвеститори на хациендата што почнал да ја гради Рашковски, како инвеститори намерно ги впишал своите деца на 2 и 4-годишна возраст. За да би имал Рашковски кредибилитет, би работел чесно и со достоинство на Правен факултет а не да се вплеткува во матни шеми со злоупотреба на високата функција во Владата на Заев.
За објавувањето на хонорарците во Владата, рече дека намерно не се објавуваат неколку имиња за кои што искажа сериозни сомнежи дека се платени ботови на СДСМ кои што одработуваат партиски на социјалните мрежи. Од ова произлегува дека ако имаш црвени линии дека злото наречено ВМРО-ДПМНЕ не смее да се повтори, тогаш по автоматизам ќе те регрутираат за бот на СДСМ за да пишуваш само позитивни статуси и твитови за Заев и министрите.
Дополнително наведе дека најслабо платени хонорарци во Владата се преведувачите на знаковен јазик за ниска плата од само 15 илјади денари.
Најсериозните обвинувања му беа во врска со вакцините и менаџирањето на корона кризата. Тврдеше дека за учество во Ковакс механизмот, власта добила допис уште во јули 2020-та година и имала можност два пати во текот на септември и октомври да испрати банкарска гаранција од околу 2 милиони евра за развој на вакцини и за гарантирани цени при купување но од своја страна само испратила правно необврзувачки меморандум со што Македонија била ставена на опашката од редот при снабдувањето со вакцини. За споредба, ја наведе Србија која што навреме уплатила пари во Ковакс и паралелно Вучиќ негувал добри врски со Русија и Кина за да добие порано и нивни вакцини.
Потоа рече дека текстот на банкарската гаранција на Владата бил утврден дури на 30-ти декември но не се знаело кога била испратена до Ковакс.
Поради изјавата на Заев во која што тој рекол дека имало и позитивни страни од доцнењето на вакцините во Македонија, Тортевски смета дека за ова требал Заев итно да си поднесе оставка бидејќи секој ден поради таа неспособност губиме по 30-40 луѓе дневно. За да искаже сентиментализам и да поттикне симпатии во јавноста, Тортевски спомна дека пред некој ден изгубил близок пријател поради компликации од короната.