ТОПЛОТНИОТ БРАН И СУШАТА ВО ГРЦИЈА ГИ ЗГОЛЕМИЈА РИЗИЦИТЕ: ГОЛЕМ ПОЖАР СЕ ПРИБЛИЖИ ДО СЕВЕРНИТЕ ПРЕДГРАДИЈА НА АТИНА, НАСЕЛЕНИЕТО ПОВИКАНО ДА СЕ ЕВАКУИРА

0
649

Пожарникарите во Грција бијат битка против големиот пожар што се приближи до северните предградија на Атина. Огнот ги зафати населбите Варибоби и Ахарнес.

Градоначалникот на Ахарнес, Спирос Вретос јавно ги повика жителите да ги напуштат населбите во опасност. Исто така им беа праќани и СМС пораки од цивилната одбрана.

Метеоролозите со денови предупредуваа на можноста за големи пожари бидејќи голем топлотен бран ја погоди Грција и ќе трае цела недела. Температурите се искачија над 40 степени Целзиусови.

Ризикот од пожари ќе биде многу голем дури и кога ќе помине топлотниот бран бидејќи има голема суша и метеоролозите најавија силен ветер.