ТОЈ ШТО СЕ НАДЕВАЛ НА НЕШТО ПОДОБРО ОД ФЕЈК ЛЕВИЦА, ЏАБЕ СЕ НАДЕВАЛ, КРМОВ: ЌЕ ГИ БЛОКИРАМЕ СИТЕ ПРЕДЛОГ-ЗАКОНИ ОД ВЛАСТА СО АМАНДМАНИ БЕЗ ВРСКА ПОРАДИ ЗАКОНОТ ЗА ДРЖАВЈАНСТВО

0
360

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов изјави дека Левица ќе ги блокира сите закони на власта. Како про-форма причина ги наведе “злоупотребата” на европското знаменце, “дискриминацијата” на неалбанските пратеници бидејќи добивале закони на два јазика, а не само на македонски и поради поднесувањето на закони во скратена постапка.

“Зборуваме за закон донесен зад затворени врати меѓу Алијанса/Алтернатива и СДСМ, издејствуван преку блокада во Собранието. Самите Алијанса и Алтернатива се фалеа дека ќе пумпаат 70-80 илјади државјанства со овој закон, баш пред пописот. Овој закон беше блокиран од Левица на Комисијата за одбрана и безбедност и сега власта, на очиглед на јавноста, го враќа назад и го пушта со европско знаменце, само да помине шверцерски и не’ става пред свршен чин. Како може еден закон без европско знаменце одеднаш да стане со европско знаменце? Такво нешто е невозможно. Законот ја крши Европската конвенција за државјанства и мора јавна расправа” – напразно обвинуваше пратеникот Крмов.