ТОЈ ИМА СОН ПОИНАКОВ ОД МАРТИН ЛУТЕР КИНГ, А ВО ЕУ ГО СМЕТААТ ЗА ЕНТИТЕТ КОЈ ШТО ШИРИ ЛАЖНИ ВЕСТИ, НИКОЛОСКИ: СОНУВАМ СО БРЗА ЖЕЛЕЗНИЦА ДА СЕ ПАТУВА СКОПЈЕ-СОЛУН ЗА СААТ И ПОЛ ДОДЕКА ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ ГИ ИНТЕРЕСИРААТ САМО ПРОВИЗИИ ОД ВАКЦИНИТЕ

0
1083

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието, Александар Николоски гостуваше во емисија кај Гоце Михајлоски на Канал 5.

Ја клеветеше Владата на СДСМ дека воопшто не се занимавала со реални проблеми во нашето општество туку секој ден продуцирала нови скандали. На нештата се обиде да им даде регионален и европски контекст. Го пофали претседателот на Србија, Александар Вучиќ дека веќе имал готов проект за брза железница до Ниш и врз основа на тоа побарал финансиска поддршка од ЕУ и сигурно ќе ја добие, а Македонија воопшто нема ни план ниту може да се вклопи во таков стратешки проект. Наведе дека ЕУ ќе ја финансира таа брза железница од Белград до Ниш, но засега немала да се насочи и кон македонската граница од едноставна причина што таа пруга би продолжила кон Бугарија а Македонија била ставена во огромен ризик да биде заобиколена и изолирана. Затоа ги смета премиерот Заев и министерот Филипче за дефокусирани на оваа перспектива во соседството додека наводно се занимавале само со провизии за вакцините.

Треба да се има предвид дека коридорот 10 постои, а Македонија ако сака, може релативно брзо и лесно да ја модернизира и со поддршка од ЕУ. Но сето тоа треба да се базира на физибилити студија за позитивните ефекти кои што би се очекувале од таков проект за даден рок.

Николоски дополнително упати и стрели кон Албанија, велејќи дека и покрај катастрофалната Влада на Заев, сепак Албанија во ниту еден аспект не е понапред од Македонија и не заслужува да почне преговори со ЕУ. Како поразителен го оцени фактот тоа што Македонија си дозволи да биде ставена во иста група за пристапување со Албанија место да чекори самостојно. Да се потсетиме, дека надворешната политика на ЕУ диктира дали Македонија треба да се интегрира одделно од Албанија или не и на тој заеднички став ние не можеме да влијаеме.

Пратеникот Николоски го обвини Заев дека уште при преговарањето на Преспанскиот договор, не се изборил да се вградат заштитни клаузули со цел ниту една земја да не ја попречува нашата евроатлантска интеграција. Во склад со референдумот, Заев оствари само интеграција во НАТО, но сме и натаму заглавени на патот кон ЕУ. Николоски заговара дека ВМРО-ДПМНЕ кога би ја презела власта, немала да прифати ниту едно решение со Бугарија во кое што македонската нација, јазик и историја би биле негирани (нешто што е и црвена линија на СДСМ до ден денес). Тој тврдеше дека ВМРО-ДПМНЕ е склона и кон раскинување на Договорот за пријателство со Бугарија доколку и натаму тие опстојуваат на максималистичките ирационални барања.