THE WITCHER 3 Е НАЈПРОДАВАНА RPG ИГРА ВО ИСТОРИЈАТА

0
431

Новото издание на The Witcher 3 за актуелните конзоли и помогна на играта да достигне 50 милиони продадени примероци и на тој начин да влезе во првите десет најпродавани игри на сите времиња.

CD Projekt RED објави дека досега се продадени 50 милиони примероци од The ​​Witcher 3: Wild Hunt. Според сегашните податоци (или оние кои се јавно достапни), тоа значи дека проектот на CD Projekt стана деветта најпродавана игра на сите времиња, како и деветта игра во историјата продадена во повеќе од 50 милиони примероци.

Можеби поважно од тоа, The Witcher 3 сега го надмина оригиналниот Pokemon, кој се продаде во вкупно 47,5 милиони примероци. Тоа е важно бидејќи го прави The Witcher 3 новиот најпродаван RPG наслов на сите времиња. А таа титула се немаше сменето 26 години.

The Witcher 1 и The Witcher 2: Assassins of Kings колективно продадоа повеќе од 25 милиони примероци, со што целата серија достигна вкупно 75 милиони продадени копии.

Пред ова, во пролетта 2022 година, беше објавено дека Witcher 3 ја играле повеќе од 40 милиони играчи. Ова би значело дека The Witcher 3: Wild Hunt Complete Edition за PlayStation 5, Xbox Series и PC и помогна на играта да скокне за 10 милиони продадени примероци во период од 13 месеци.

Само неколку игри во последната деценија се продадени подобро од The ​​Witcher, имено GTA 5, PUBG: Battlegrounds, Mario Kart 8 Deluxe и Red Dead Redemption 2. Можеме да додадеме и Animal Crossing New: Horizons што се продаде помалку од The ​​Witcher ( 42 милиони), но во значително пократок период од три години.

Доколку не сте знаеле, The Witcher добива дури пет нови игри во иднина. CD Projekt RED развива нова трилогија на Unreal Engine 5, во исто време, надворешно студио работи на преработка на првиот Witcher, а канадскиот огранок на CD Projekt подготвува помала Witcher игра со мултиплеер елементи.