ТЕМПЕРАТУРИ ОД 47 СТЕПЕНИ И СИЛНИ ВЕТРОВИ: АТИНА ОПУСТОШЕНА ОД ПОЖАРИ, ИЗГОРЕНИ ШУМИ, КУЌИ, ВОЗИЛА

0
932

Пожари беснеат низ цела Грција и чадот ја задушува Атина уште од средата. Средоземното Море исто така беше зафатено од високи температури и пожари. Илјадници луѓе во Атина беа принудени да ги напуштат своите домови во вторникот откако пожарот ја изгоре шумата во близина на градот. Тој беше ставен под контрола рано во средата, но има десетици опожарени куќи, бизниси и возила.

Температурите остануваат неверојатно високи. Во вторникот, делови од Грција достигнаа 47 степени а силниот ветер ги поттикна пожарите на островот Евија во близина на Атина. Се предвидува дека температурите ќе останат високи до крајот на неделата. Тоа е најлошиот топлотен бран во Грција во последните три децении.

Службата за мониторинг на атмосферата на Европската унија (CAMS) во средата соопшти дека интензитетот на пожарите брзо се зголемуваат во Турција и Јужна Европа, а погодени се и другите медитерански земји. Високите температури не се единствениот предизвикувач за пожарите. Климатските промени ги прават таквите екстремни временски услови поверојатни. Пожарите создаваат и загадување на воздухот.

Националната опсерваторија во Атина ги предупреди луѓето да останат дома со затворени прозорци и да обрнат посебно внимание на оние со основни респираторни проблеми и срцеви проблеми, пушачи, постари луѓе и деца.

Чадот и жештината испратија десетици во болницата со проблеми со дишењето. Грчкиот министер за здравство Василис Кикилијас, кој ја посети општата болница во северна Атина во средата наутро, рече дека службите за брза помош во таа област добиле 77 повици од доцна вторник до среда наутро од луѓе со проблеми со дишењето.