ТАРАВАРИ: АЛИЈАНСАТА НЕ ОДЛУЧИЛА ДАЛИ УТРЕ ЌЕ ОДИ НА СРЕДБА КАЈ ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ

0
671

Алијансата за Албанците не одлучила дали ќе присуствува на средбата која премиерот Зоран Заев ја закажа за да се разговара на темата за локалните избори и одложувањето на пописот со опозициските партии. Најавата доаѓа од Арбен Таравари, генералниот секретар на политичката партија Алијанса за Албанците во одговорот на новинарско прашање за присуство на средбата. Таравари изрази сомнеж дека таа средба ќе се одржи.

“Ова пролонгирање и запирање има политичка заднина. Тоа е скандалозно. Луѓето почнаа да се попишуваат и имаше голем ентузијазам, посветеност од целото население што живее во Македонија и во странство. Исто така имаше посветеност од премиерите на Косово и Албанија. И кога пописот требаше да започне по два дена, тој е прекинат поради фактот што на двете македонски политички партии не им се допаѓа тоа што се регистрирани многу Албанци во дијаспората. Ова само Али Ахмети може да го дозволи. Нашата коалиција нема да го прифати и ќе преземеме мерки тоа да се спречи” – изјави Арбен Таравари.